Сопругата на Ким Џонг-ун станала тема број еден на социјалните мрежи поради бизарниот моден детаљ

Ри Сол-ју, сопругата на претседателот на Северна Кореја Ким Џонг-ун, станала тема број еден на социјалните мрежи откако биле објавени фотографии на кои таа носи еден бизарен моден детаљ.

Таа се појавила на свеченоста организирана во Пјонгјанг по повод 75-годишнината од Корејската народна армија. Многумина забележале дека носи ланче кое потсетува на балистичката ракета „Hwasong-17“.

Google search engine

„Ова е толку нормално семејство“, напишал иронично некој корисник на Твитер.

„Оваа жена го изгубила својот разум“, додал друг корисник.

„Каква болна идеологија…“, коментирал трет.

Инаку, се верува дека Ри Сол-ју се венчала за Ким Џонг во 2009 година. Бракот наводно за кратко време го договорил покојниот Ким Џонг-ли по претрпениот мозочен удар во 2008 година.

Меѓутоа, сопругата на Ким Џонг-ун била „идентификувана“ дури во 2021 година кога и државните медиуми известија за тоа. Според податоците од Јужна Кореја, парот има и три деца.