Сопруга на шеик од Дубаи признала во кој случај би го напуштила милијардерот, луѓето саркастично ѝ одговорија: „Не знам како издржуваш…“

Сопругата на арапскиот шеик открила поради кои причини веднаш би го напуштила нејзиниот партнер, милијардер…

Соуди, девојката која е мажена за милијардер од Дубаи, често е во центар на внимание во јавноста.

Google search engine

Таа обожува да се фали со луксузниот живот на социјалните мрежи, често ги споделува моментите од раскошниот дом, а неодамна ја открила вистината за бракот со шеикот Џамала.

Тогаш истакнала дека „третманот на принцеза е баш тоа што ѝ треба“, а сега објавила и видео во кое ги наведува причините поради кои би го напуштила сопругот.

„Доколку ми го намали буџетот, доколку се обиде да се венча со друга жена, доколку ми купува помалку подароци неделно, доколку ми вели да се здебелам поради него“, изјавила девојката.

Соуди во една прилика зборувала и за мааните во бракот со милијардерот.

Тогаш истакнала дека ѝ е напорно тоа што секогаш треба да биде добро облечена, како и дека тешко ѝ е да избере што да јаде поради изобилството на храна кое го имаат.

Исто така честите патувања не ѝ годат затоа што поради нив е хронично изморена. Сепак, најмногу се буни на тоа што нејзиниот сопруг не ѝ дозволува сама да вози автомобил.

„Дали траумата вреди за сето ова?“, напишала таа во видеото кое било прегледано над 10 милиони пати.

Следеле низа саркастични коментари: „Навистина е многу тешко“, „Ги сакам твоите проблеми“, „Не знам како издржуваш“, „Дај ми го мене твојот сопруг кога не ти одговара“…

„Ова е денот во животот на богата домаќинка која живее во Дубаи. Утрово се разбудивме и Џемал кажа дека ќе биде зафатен со работа, па ми даде пари за трошење и секако отидов во козметички салон. Тој сака кога се грижам за себе и ги трошам парите за мојот изглед. Избрав супер едноставен маникир, а потоа тој дојде да ме земе“, раскажала Соуди своевремено.