Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ заедно со лидерите на Западен Балкан го посети манастирот Свети Наум, по завршувањето на Самитот Отворен Балкан.
По тој повод, Вучиќ се огласи на својот Инстаграм профил.
На крајот на успешниот ден го посетуваме манастирот Свети Наум, еден од најважните православни храмови, изграден во 905 година и местото каде што е напишано кирилицата. – напиша српскиот претседател Вучиќ.
Денес се одржа самитот на регионалната иницијатива Отворен Балкан во Охрид. На самитот присуствуваа српскиот претседател Александар Вучиќ, премиерите на Македонија и Албанија, Димитар Ковачевски и Еди Рама, како и претставници од Црна Гора и БиХ.
Претходно, во текот на денот, српскиот претседателот рече дека е постигнато многу и на економски и на политички план.
Секој ден ќе биде се повидливо, дека обичните луѓе поминуваат побрзо, имаме уште многу работа и ќе работиме и ќе се бориме за подобар живот на граѓаните и намалување на бирократските процедури.
Му должам голема благодарност на Еди Рама, без неговата отвореност и сила “Отворениот Балкан” не би можел да постои. Веруваме и се надеваме дека се што потпишавме денес ќе придонесе за развој на нашите односи – рече Вучиќ и додаде дека е горд на се што направиле.
View this post on Instagram