Софијанова: За два месеци 42 деца имаа пост-ковид компликации

Вирусот најчесто удира на стомакот, бубрезите, мозокот и срцето кај децата, вели за ДВ директорката на Клиниката за детски болести во Скопје, д-р Аспазија Софијанова.

Ковид-19 се почесто предизвикува здравствени проблеми и кај децата. Иако првично се мислеше дека тие полесно го пребродуваат вирусот, искуството на медициските лица коишто се во првите редови во борбата со Ковид-19, покажува дека вирусот може да предизвика сериозни оштетувања на одредени органи кај најмладите. Директорката на Клиниката за детски болести во Скопје, д-р Аспазија Софијанова вели дека само за два месеци со соочиле со пост-ковид компликации кај 42 деца коишто го прележале вирусот.

Реклама

„Децата реагираат на ковид на најразлични начини. На почетокот сметавме дека вирусот е безопасен за нив, но се повеќе гледаме дека тој може да направи огромна штета на одредени органи во детското тело. Тие немаат можеби симптоми како возрасните – висока температура и кашлица, но кај децата се појавуваат пост-ковид компликации кои можат да бидат многу сериозни“, вели директорката на Клиниката за детски болести во Скопје, д-р Аспазија Софијанова за ДВ.

Голем дел од децата се асимптоматски за време на вирусот, но тоа не значи дека Ковид-19 не остава последици врз нивното здравје. Вирусот најчесто удира на стомакот, бубрезите, мозокот и срцето кај децата. Предизвикува нарушувања и проблеми при функционирањето на бубрезите и срцето. „Последиците допрва ќе се откриваат“, вели Софијанова.

Прочитајте повеќе на Дојче Веле.

Реклама