Еден од најинтелигентните српски актери, Драгомир Бојаниќ Гидра, попознат по псевдонимот Жика од „Жикина династија“, остана запаметен по своите улоги со кои ги засмејуваше луѓето ширум поранешна Југославија, додека на своите гледачи не им дозволуваше да видат колку всушност пател во животот и дека во најраното детство доживеал огромни трагедии.
Овој, за многумина омилен актер, роден е на 13 јуни во далечната 1933 година во Крагуевац. Гидра немал безгрижно детство како и поголем дел од децата затоа што во најрана младост останал сирак, откако мајка му Новка починала од туберкулоза, за набрзо потоа во текот на 10-та година од својот живот да остане и без својот татко Јован, офицер на српската војска кој го стрелале во 1943 година во текот на Втората светска војна, по што малиот Гидра останал целосно сам.

Поради тоа што немал никој кој би се грижел за него, актерот барал начин да се прехрани и што побрзо да пронајде занимање кое ќе му носи заработка. Така завршил во училиштето за преработка на месо, овошје и зеленчук во Крагуевац, за веднаш по матурата да се вработи во фабриката за конзерви „Црвена ѕвезда“.
Во едно интервју кое актерот го дал на почеток на седумдесеттите години објаснил како завршил во светот на глумата.
„По професија сум занаетчија. Имам квалификација стекната во Крагуевац, хемиско-технолошки отсек. Со актерство почнав да се занимавам по потреба на службата во крагуевската фабрика за конзерви . Потоа преку аматерскиот театар „Свети Младеновиќ“ дојдов во Народниот театар во Крагуевац, чиј член бев долго време“.

Тој во актерството се покажал како неверојатен талент, додека пресуден момент истиот да исплива на површина секако било кога во ансамблот на уметници во Крагуевац, каде што работел, неговите колеги со заеднички сили собрале пари кои му помогнале да оди во Белград и да се запише на Академија.
Тоа бил паметен потег, па Гидра се запишал таму веднаш по првиот обид за потоа уште во првата година од студиите да почне да глуми на сцената на Народниот театар во Белград.

За неговите понатамошни улоги во животот нема потреба да зборуваме…