Со силно полициско обезбедување се урива платформата на „Куба либре“ во Охрид

Под силно полициско обезбедување денеска почна најавуваната акција за отстранување на нелегалните градби и урбана опрема од плажите во градското подрачје на Охрид.

За почеток се отстранува и демонитира платформата во езерото пред „Куба либре“, една од најатрактивне плажи и локации на исотчниот брег на Охридското Езеро.

Google search engine

Акцијата беше очекувана со оглед што уште пред една седмица во близина на неколкуте плажи зад мостот на Студенчишкиот канал кај Охрид беше распоредена механизација, а вчера сите објекти во тој дел беа исклучени од системот за напојување со електрична енергија.

Градоначалникот на Охрид Константин Георгиески неодамна најави дека ќе се отстрануваат сите нелегални објекти и градби од сите плажи на кои им се истечените договорите за концесија, вклучувајчќи ги и петте што влегуваат во опфатот на ГУП-от.