Во можното труење на рускиот олигарх Роман Абрамович, најверојатно, бил користен нервен агенс сличен на сарин или новичок, вели експерт за Телеграф.
Да потсетиме, вчера имаше информации дека Абрамович наводно бил отруен со уште двајца други луѓе додека присуствувал на мировните преговори во Киев на почетокот на овој месец, и покрај тоа што наводно консумирал само чоколадо и вода.
Сопственикот на фудбалскиот клуб Челзи, кој беше санкциониран од британската влада поради неговите врски со Владимир Путин, се пожалил на болки во очите и воспаление на кожата неколку часа по напуштањето на украинската престолнина, пишуваат Индипендент и Волстрит џурнал. Тој тврди дека накратко бил и целосно слеп и дека му се лупела кожата на лицето.
Овие симптоми, велат експертите за Телеграф, наликуваат на труењето со три можни хемикалии: порфирини, бициклични материи или органофосфати.
Сепак, анонимен американски функционер за Ројтерс изјави дека влошувањето на здравствената состојба на Абрамович не е резултат на труење, туку на „еколошки фактори“. Кои би можеле да бидат факторите останува непознато.
„Влошувањето на здравјето на Абрамович не е резултат на труење, туку дека тоа било под влијание на “фактори на животната средина”. За кои фактори се работи останува непознато, но новинарите на Wall Street Journal и истражувачкиот портал Bellingcat, кои скоро во исто време ја објавија приказната, укажуваат дека тие сепак на експертите им ги дале примероците за анализа и таа покажала дека станува збор за труење, но сега се истражува за какви хемиси супстанци станува збор”.