Со помош на војската во Португалија практично не остана никој за вакцинирање

Кога кон крајот на јануари португалскиот здравствен систем се најде пред колапс, при што болниците во главниот град Лисабон беа преполни, а властите апелираа до сите што може – да се лекуваат дома, владата се обрати до вицеадмиралот Енрике Гувеја е Мело, поранешен командант на подморничка единица.

Осум месеци подоцна, Португалија е еден од светските лидери во вакцинацијата, со околу 86 проценти од целосно вакцинирана популација, од вкупното население од 10,3 милиони.

Google search engine

-Околу 98 отсто од сите оние кои можеа да примаат вакцини го сторија тоа. Веруваме дека стигнавме до точка на групна заштита и речиси целосен колективен имунитет. Работите изгледаат навистина добро – вели адмиралот.

На 1 октомври, Португалија ги укина речиси сите ограничувања. Бројот на новозаразени лица брзо опадна на само околу 650 дневно, а речиси нема смртни случаи.

Многу западни земји, и покрај добрата понуда на вакцини, не успеаја да го исполнат планот за вакцинација, а во повеќето повеќе од 20 проценти од граѓаните се незаштитени.
Затоа многумина бараат рецепт од Португалија.

Кампањата во оваа земја успеа и покрај фактот дека ги имаше истите пречки како и некои други земји. И во Португалија има дезинформации на социјалните мрежи во Португалија, а и Португалците беа доста скептични кога за првпат се појавија вакцините.

Сепак, со искуство во справување со логистички предизвици во војската, адмиралот Гувеи е Мело беше назначен за шеф на кризниот штаб за вакцинација во февруари. Во јавните настапи, тој ја носеше својата воена униформа и испраќаше пораки дека секој мора да се обедини во сила што ќе се бори против пандемијата.

-Првото нешто беше да им објаснам на луѓето дека ова е војна – се сеќава адмиралот Гувеја е Мело за тие први денови.

Тој вели дека било клучно за граѓаните да видат дека нема никаква врска со политиката и политичарите.

Адмиралот собра тим од елитни припадници на армијата – математичари, доктори, експерти за стратегија. На прашањето што можат да научат другите земји од Португалија, тој одговара: „Мора да најдат луѓе кои не се политичари“.

Португалија исто така, веќе имаше робусна програма за вакцинација, воспоставена кога земјата се бореше со детска парализа. Воените трупи се користат за да се зголеми довербата во системот и да им се помогне на луѓето да најдат центри за вакцинација.

Меѓутоа, кога кампањата се сврте кон помладите, се појавија првите знаци на отпор. Во јули, демонстрантите го блокираа центарот за вакцинација во Лисабон, па адмиралот веднаш се појави таму. Пред камерите, Гувеја е Мело остана непоколеблив.

-Се обидов да комуницирам со нив на искрен и отворен начин, за сите сомнежи и проблеми што ги имаат – вели адмиралот.

Не секој го сакаше овој пристап, но напредокот беше очигледен.

-На почетокот имавме околу 40 проценти од луѓето кои не беа сигурни што да прават. Сега само 2,2 проценти велат дека не ја сакаат вакцината – вели адмиралот. .

Кога ја напушти својата позиција во Кризџниот штаб, адмиралот порача дека ја остава земјата на добар курс, но повика на внимателност.

-Не треба да се опуштате пред да заврши војната – вели адмиралот.