Во втората епизода од серијата „Цеца шоу“ која се емитува на ТВ Блиц, Вељко и Анастасија Ражнатовиќ покажаа дека нивната врска не е секогаш така идилична како што изгледа.
Како и во секое семејство, така и со Ражнатовиќ не недостигаат кавги, а гледачите на телевизијата Блиц имаа можност да видат каква е Анастасија кога ќе се налути.
Младата пејачка ја изнервирало тоа што никаде во куќата не можела да го најде својот полнач, за чие исчезнување го обвинила својот брат Вељко.
Видно револтирана пејачката преку телефон се нафрлила на својот брат кој во тој момент бил во Тител.
Вељко телефонски се обидел да и објасни на Анастасија дека не и го зел полначот и дека не може да се справи со неговото исчезнување бидејќи бил на работа, на што пејачката реагирала уште побурно.
– Знаеш колку ми е грижа за твојата работа, телефонот ми е на 3% и не можам да функционирам. И јас имам работа. Сега слушај ме внимателно, последен пат ти кажувам, за половина час треба да ми направиш полнач. Во спротивно знаете што ќе биде – се закани Анастасија.
Вељко не бил среќен што сестра му не му поверувала.
– Со години сум црната овца во семејството. Не е можно јас секогаш да сум виновен за се, можно ли е сите во оваа куќа да ме обвинат за нешто – рекол Вељко, демантирајќи дека и го земал полначот на Анастасија.
По жестока расправија, младата пејачка пред камерата на телевизијата Блиц призна дека никој не може да ја изнервира како нејзиниот брат Вељко.
-Тој ја знае точно таа моја „жица“ и каде да ја удри. Во последно време често успева да ме извади од синхронизација затоа што е нервозен, кога не тренира неколку дена ја вади фрустрацијата и нервозата врз мене. Нормално, јас сум флегматичен човек и имам многу трпение, но никој не може да ме изнервира како Вељко – изјави Анастасија.
Погледнете во видеото како изгледаше кавгата меѓу Вељко и Анастасија Ражнатовиќ.