Со 4,6 тони експлозив во Кина наеднаш се урнати 15 облакодери. Зградите со години стоеле празни, а сега се на локација за која властите имаат нови планови.
Земјиштето во јужниот кинески град Кунминг, на кое на 27 август биле уништени зградите, се проценува на 154 милиони долари.
Според кинеските вести, 4,6 тони експлозив биле поставени на 85.000 места. Иако три четвртини од зградите биле недовршени, станарите што живееле во изградените згради морале да се евакуираат.
Изградбата на овој комплекс наречен Лианг Стар Сити Фаза II започнал во 2011 година. Поради недостаток на капитал, изградбата запрела во 2012 година. Инвеститорот се сменил, но и новите инвеститори морале да ја прекинат изградбата во 2013 година поради разни компликации. Иако изградбата во еден сектор била завршена во 2015 година, преостанатите 15 згради останале празни од 2013 година, па дури и кинеската влада се обидела повторно да го заврши проектот, но безуспешно.
Real Estate Yunnan Honghe е кинеска компанија која ги откупила правата на земјиштето каде што се наоѓаат облакодерите. Тие одлучиле да ги уништат бидејќи побарувачката за такви згради повеќе не постои.
Експлозијата и прашината што се кренала зафатиле околу 500.000 квадратни метри, што е најголемата намерна градежна експлозија во историјата на Кина.