Полицијата за да го прислушува осомничениот потребно е да “му провали во домот, автомобилот или канцеларијата и сите сакаме да веруваме дека за тоа пред се им е потребен налог”.
Владите мораат да наметнат глобален мораториум на меѓународната трговија со шпионска опрема или ќе се најдеме во ситуација ниеден мобилен телефон да не е безбеден од хакерите кои ги спонзорира државата, предупредил Едвард Сноуден.
Сноуден, кој во 2013-та година ја открил шпионската програма на американската агенција за национална безбедност, смета дека програмерите кои за пари прават шпионски програми “се индустрија која не би требало да постои”.
Откако било откриено постоење на програмот “Пегаз” кој може тајно да упадне во нечиј мобилен телефон и да ги собере сите потребни информации и кој го користат бројни режими, Сноуден оценил дека Пегаз покажал како комерцијалниот “малвер” им овозможува на репресивните режими да ги надгледуваат и шпионираат луѓето.
Полицијата за да го прислушува осомничениот потребно е да “му провали во домот, автомобилот или канцеларијата и сите сакаме да веруваме дека за тоа пред се им е потребен налог”. Кај комерцијалната шпионска опрема, можно е да се шпионираат луѓе од далеку, без многу трошоци и без ризик, и сега тоа почнуваат да го прават постојано, против сите кои се “интересни”, рекол Сноуден.
“Ако не направите ништо да ја спречите продажбата на оваа технологија, нема да имате само 50.000 мети, туку ќе имате 50 милиони мети и тоа ќе се случи многу побрзо од тоа што го очекуваме”, смета тој.
Проблемот, објаснил Сноуден, е тоа што сите мобилни телефони се слични.
“Кога ќе пронајдете начин да хакирате еден “ајфон”, сте пронашле начин да ги хакирате сите”, вели тој.
Предупредил и дека комерцијалниот “малвер” како “Пегаз” е толку моќен што обичниот свет не може да направи ништо против него.
“Постојат одредени индустрии, одредени сектори од кои нема заштита и затоа мораме да ја ограничиме работата на овие технологии. Не смееме да дозволиме комерцијален пазар за нуклеарно оружје, а “Пегаз” е нуклеарно оружје од кое не можеме да се заштитиме”, рекол Сноуден.