Снимка од поплавениот Њујорк станала вирална, луѓето не можат да поверуваат што прави овој човек

Во Њујорк е прогласена вонредна состојба поради силните дождови и поплави и додека властите ги молат луѓето да не излегуваат од дома, а многумина морале и да спасат од поплавите, некои невремето го искористиле за забава.

На Твитер се појавила снимка од Њујорчанец како лежи на душек и пуши од наргиле. “Кога животот ти дава лимони, ти направи лимонада”, се пошегувале твитерџиите кога се појавила снимката. Несекојдневната снимка наводно е направена во Бронкс.

Реклама

Забрана за патувања, градските линии на подземната железница се стопирани

Инаку, во Њујорк на сила е забрана за патувања, возилата кои не се Итни не смеат да бидат на улица, а речиси сите градски линии на подземната железница се стопирани.

“Вечерва сведочиме на историско невреме со рекордни врнежи од дожд, брутални поплави и опасни услови на улиците”, напишал на Твитер градоначалникот на Њујорк, Бил Де Бласио.

“Не чекаат тешки неколку часа. Никогаш не сум видел во толку кратко време да падне толку дожд”, додал тој.

Градоначалникот на Њујорк ги повикал луѓето да не излегуваат надвор.

“Ве молам вечерва да се тргнете од улиците и да им дозволите на нашите итни служби да ја завршат својата работа. Ако размислувате за излегување, немојте. Тргнете се од подземната железница. Тргнете се улиците. Не возете по овие услови. Останете дома”, напишал Де Бласио на Твитер.

Реклама