Снимиле 18+ филм на познат стадион, се проширил на сајтовите за возрасни, а сега реагираше и управата на клубот

Уште еден егзибиционизам би можел да донесе и до затворски казни, а навивачите воодушевено ја споделуваат снимката …

Управата на фудбалскиот клуб Ница започнала постапка против неименувани лица кои во текот на натпреварот со ФК Лил во просториите на клубот на 29-ти јануари снимале филм за возрасни.

Google search engine

Филмот почнува со разговор на актерите на трибините, а потоа акцијата се сели во тоалетите на стадионот каде е снимена целосната сцена. Откако оваа снимка се појавила на одредени сајтови за возрасни, навивачите на Ница брзо ги препознале трибините на стадионот „Alianz Riviera“, па оваа снимка почнала да се споделува меѓу навивачите.

Управата на клубот набрзо дознала за тоа и одлучила да поднесе тужба против лицата кои го снимале филмот.

„Ница поднесе тужба против лицата кои го снимале филмот за возрасни во тоалетите на стадионот. Настанот се случил на 29-ти јануари на натпреварот против Лил“, стои во соопштението.

И додека управата ја врши својата работа, навивачите се воодушевени. Полицијата наскоро ќе отвори истрага, а пронаоѓањето на лицата кои го снимиле филмот не би требало да е тешка задача. Регистрацијата на сајтовите за возрасни бара информации за корисниците, па тоа би можело да ја олесни целата работа.