СМРТ ВО ЖИВО НА ИНСТАГРАМ! Пренесено како на близначки (18) им пука во глава: Убиецот (17) ги принудил да клечат и да ја врзаат косата…

Осумнаесетгодишните сестри близначки Амалија и Аманда Алвес беа убиени на правлив пат додека убиецот ја пренесуваше нивната смрт во живо на Инстаграм.

Во јули 2021 година, на Instagram Live се појави страшен пренос од Бразил, каде што беше прикажано како сестрите близначки Амалија и Аманда Алвес (18) биле застрелани во глава од тинејџер од локална банда.

Google search engine

Нивните тела биле откриени покрај правливиот пат во Пакахус, само неколку часа откако биле убиени, а двете жртви имале дете. Аманда зад себе оставила тригодишна ќерка, додека Амалија била мајка на шестмесечно момче.

Матеус Абру, осомничениот за убиствата, има само 17 години, а полицијата набрзо го уапсила и го привела на распит. Тој ги принудил сестрите да клечат и да им ја врзат косата во пунџи пред да им стави пиштол на тилот и да ги испука куршумите, при што ги усмртил на лице место. Подоцна испукал уште два куршуми во телото на едната сестра и четири куршуми во другата.

Иако сè уште не е познат мотивот за оваа брутална ликвидација, еден локален бразилски весник пишува дека сестрите „премногу знаеле“ за инцидентите во кои се вмешани локални дилери на дрога.

Уапсениот тинејџер зад себе веќе има неколку апсења.