Славниот актер во целост го променил изгледот поради новата улога – можете ли да го препознаете?

Актерот потполно го променил изгледот поради улогата во филмот „Maestro“. Можете ли да го препознаете?

Станува збор за Бредли Купер, кој во новото остварување на „Netflix“ го толкува американскиот диригент Леонард Бернштајн. Овој музичар е роден во 1918 година година, а почина во 1990 година како последица од срцев удар.

Google search engine

На промотивните фотографии можеме да го видиме Купер како младиот Бернштајн, а покрај него во филмот се појавува и актерката Кери Мулиган. Исто така, можеме да видиме како изгледа Бредли во улога на диригентот во позрели години.

Купер го напишал сценариото за „Maestro“ во соработка со Џош Сингер, а продуценти се Мартин Скорсезе и Стивен Спилберг. Снимањето е во тек, а премиерата се очекува во 2023 година.

„Како дете бев опседнат со диригирање и вежбав со часови. Спилберг го знаеше тоа. Ме праша дали сакам да го глумам Бернштајн, а откако го гледаше „A Star Is Born“ сфати и дека би можел да напишам добро сценарио“, раскажа актерот во јануари во гостувањето на „The Late Show with Stephen Colbert“.