Славниот актер откри дека има Паркинсонова болест: Со емотивно видео ги растажи фановите ширум светот

Ричард Луис, ѕвездата на серијата „Curb Your Enthusiasm“ во емотивно видео на Твитер им се обрати на фановите и откри дека има Паркинсонова болест.

Иако на комичарот болеста му е откриена пред две години тој дури сега одлучил веста за својата здравствена состојба да ја сподели со светската јавност.

Google search engine

„Имам Паркинсонова болест, но сум под лекарски надзор и сè е во ред. Завршив со стенд-ап настапите. Од сега па натаму, ќе се фокусирам само на пишувањето и глумата“, изјавил актерот.

Во двeминутното видео, актерот објавил дека штотуку завршил со снимањето на 12-та сезона на популарниот ситком, додавајќи дека е многу благодарен што е дел од таа серија.

„Но, знаете дека последните три и пол години ми беа тешки. И луѓето рекоа: Боже, не сум се слушнал со тебе, дали си сè уште на турнеја? Па, еве што навистина се случи“, навел актерот.

Луис објаснил дека неговите неволји започнале пред три и пол години среде турнејата и одлучил дека не сака повеќе да патува.

„Реков: Знаеш, јас сум на врв на својата игра. После скоро 50 години, само тоа ќе го наречам откажување. И, се чувствував прекрасно поради тоа. А, потоа како од ведро небо, сè тргна наопаку“, навел актерот.

Комичарот рекол дека поминал низ неколку последователни операции – операција на грбот, операција на рамениците, операција замена на колкот.

„Прво тоа, пред две години, почнав закочено да одам, мрдав со нозете. Отидов кај невролог, одев на скенирање на мозокот и дијагностицирана ми е Паркинсонова болест“, навел актерот.

Според клиниката „Мејо“, Паркинсоновата болест е прогресивно нарушување кое влијае на нервниот систем и деловите на телото кои ги контролираат нервите.

„Симптомите почнуваат бавно. Првиот симптом може да биде умор во само едната рака. Тресењето е вообичаено, но нарушувањето исто тaка може да предизвика вкочанетост или забавени движења“.