Членката на жирито на телевизиското шоу „Britain’s Got Talent“, Аманда Холден, е подготвена за промена во кариерата.
Имено, Холден ќе претстави документарна ТВ серија која ќе се осврне на порно индустријата, а и самата најавила дека ќе биде контроверзна.
Тоа што токму Аманда ќе води ваква програма можеби не е изненадување за многумина бидејќи во текот на своите појавувања пред камерите, често позираше во повеќе од провокативни костими. Некои велат дека токму со ваквото однесување, таа алудирала на својата нова водителска работа.
Документарната серија наводно ќе вклучува теми како што е љубовта на Клеопатра кон оргиите и подемот на порнографијата, а неодамна Аманда сподели фотографија на која позира во када, облечена како египетската кралица.
Се шпекулира дека во текот на ТВ серијата, Холден ќе зборува за тоа како Мерилин Монро ја редефинирала промискуитетноста на филмското платно, сексот и религијата и многу друго.
View this post on Instagram
Британскиот „The Sun“ известува дека таа била многу отворена на снимањето на емисијата и дури глумела во низа реконструкции на екранот.
„Документарецот е полн со факти, информации и едукативни моменти, но секако, Аманда го внесе својот стил во него“, изјавил извор за британскиот медиум.
Иако Холден е многу страсна околу снимањето, и самата најавила дека серијата ќе биде по малку контроверзна.