Славната манекенка ненадејно почина на 50 години, само неколку дена по нејзиниот роденден

Британската манекенка Стела Тенат почина на 50 годишна возраст, соопшти нејзиното семејство.

Славната манекенка починала само пет дена откако го прослави својот 50-ти роденден, а соопштено е дека не станува збор за насилна смрт, но други детали не се познати.

Google search engine

-Со голема тага ве информираме за ненадејната смрт на Стела на 22 декември 2020 година. Стела беше прекрасна жена, Многу ќе ни недостасува, се вели во соопштението на семејството.

Стела се прослави на почетокот на ’90-тите години, а ги красеше страниците на престижните магазини.

Манекенката зад себе го остави сопругот Дејвид Ласент и три деца.

- АУДИО РЕКЛАМА -

WordPress хостинг со врвни перформанси за веб страни кои значат бизнис. 24/7 телефонска подршка.