Славната актерка пред улогата која ѝ го смени животот криумчарела дрога: „Една година немав работа, а потоа ме испратија во Мароко…“

Камерон Дијаз се враќа на малите екрани, а за таа прилика изнела изненадувачко признание од младоста.

Холивудската актерка Камерон Дијаз, вртоглава слава во светот на актерството доживеала во филмот „The Mask“ со Џим Кери, а пред тоа во текот на 90-те години минувала низ пекол.

Google search engine

„Бев во Париз цела година и не работев ниту еден ден. Не можев да најдам ниту една работа за да преживеам. Тогаш добив една работа, но мислам дека се воспостави дека сум мула која треба да пренесе дрога во Мароко – се колнам во Бог“, раскажала актерката.

Камерон истакнала дека до доаѓањето на аеродромот немала поим дека носи недозволени супстанции, а открила дека била во ужасна паника кога сфатила што пренесува.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cameron Diaz (@camerondiaz)

„Беше тоа во раните 90-ти години и ми дадоа заклучен куфер во кој наводно имале мои костими. Јас сум русокоса, синоока девојка во Мароко. Носам искинати фармерки и чизми на потпетица, имам права коса – ова е навистина несигурно. Реков: Не знам, не е мое, немам поим чие е. Тоа беше единствената работа која ми ја дадоа во Париз“, објаснила таа.

Избегнала казна од најмалку 10 години затвор за трговија со дрога, а потоа со американски официјални лица се вратила во Франција.

Ова експлозивно признание доаѓа во моментот кога 49-годишната актерка по осум години пауза се враќа на големото платно во комедијата „Back In Action“.

Да ве потсетиме, Камерон Дијаз во доцните 40-ти години го доби своето прво дете и во таа прилика одлучила да се повлече одредено време од светот на филмот.

Таа имала само 45 години кога соопштила дека смета дека одиграла многу улоги и дека сака да се пензионира.

Кариерата ја започнала уште како тинејџерка, па од светот на моделингот преминала на малите екрани, а набрзо потоа станала и омилена актерка во светот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cameron Diaz (@camerondiaz)

Камерон глумела во многубројни романтични комедии, но по речиси 2 децении долга кариера, Дијаз одлучува да го затвори тоа поглавје и да се посвети на приватниот живот.