Славната актерка откри што мисли сопругот за нејзините 18+ сцени

Никол Кидман никогаш немала проблем со сцените каде требало да глуми гола, а сега конечно откри како реагирал нејзиниот сопруг Кит Урбан.

“Мојот сопруг е уметник, па разбира како функционира тоа, а не е вклучен во процесот. Тој гледа како е сѐ направено дури на крајот, кога веќе серијата се емитува. Не ги чита сценаријата однапред, не знае што се случува на снимањето, тој има сопствена кариера која го преокупира”,рекла за E!News.

Google search engine

“Тој не знае многу за тоа што правам јас”, додала таа. Никол и Кит се во брак веќе 15 години и имаат две ќерки, Сандеј и Фејт.