Скромен број на гости на парадата во Москва, кој сè дошол од странските државници?

Во Москва денеска е одржана воена парада по повод 78-годишнината од победата во Втората светска војна. Бројот на колеги на Путин кои пристигнале на овој настан е мал, само шестмина, додека во претходните години парадата ја набљудувала цела плејада од странски службеници.

Имено, во текот на денешниот ден на Црвениот плоштад покрај Путин стоеле претседателот на Казахстан Касим Жомарт Токајев, претседателот на Белорусија Александар Лукашенко, потоа претседателот на Узбекистан Шавкат Мирзијојев, претседателот на Киргистан Садир Шапаров и претседателот на Таџикистан Емомали Рахмон, како и ерменскиот премиер Никол Пашинјан, пренесува „Nova.rs“.

Google search engine

Лукашенко со години е близок соработник на Путин. Кога рускиот претседател ја започна инвазијата на Украина, беше меѓу првите кои отворено застанаа на страната на Русија. Всушност, руските тенкови на територијата на Украина влегоа преку белоруската граница. Долго се погодувало дали Лукашенко ќе ја вовлече Белорусија во војната директно праќајќи свои трупи во Украина, меѓутоа тоа, барем засега, не се случи.

Русија и Белорусија во текот на последните две години спроведувале, доста почесто отколку во претходните децении, заеднички воени вежби. Многу аналитичари со години сугерираат дека токму заложничката положба на Лукашенко е камен темелник на неговиот опстанок на власт.

Колку за споредба, во 2015-та година, една година откако Русија го анектираше Крим, на парадата во Москва дојдоа многу повеќе лидери од истокот и од Азија, но имало и службеници од Европа, како чешкиот претседател Милош Земан.

Покрај него, на свечените трибини биле присутни и лидерите на непризнатите Абхазија и Јужна Осетија, потоа Азербејџан, БиХ, Бразил, Виетнам, Египет, Индија, Јужна Африка, Кипар, Кина, Куба, Монголија, Туркменистан, Србија …