Екипата на “Agazzi Designs” на “Kickstarter” собира средства за својот паметен ранец во кој имаат вградено скенер за отпечатоци на прсти и уште неколку интересни работи.
Овој ранец е отпорен на вода и има капацитет од 23 литри. Дизајниран е за да може внатре да се стави лаптоп, таблет и други електронски уреди. Има осветлување, вградена екстерна батерија за полнење на електронските уреди, посебен џеб за паричник со “RFID” заштита и уште еден за очила. Ранецот има вкупно 15 џебови со различни големини и намени.

https://www.youtube.com/watch?v=CJtS51kMz1Q
Читачот на отпечатоци на прсти можете да го користите за заклучување на ранецот или пак за да го врзете ранецот за нешто. “Agazzi Designs” планираат да го продаваат овој ранец со доживотна гаранција, но со оглед на тоа што станува збор за проект на “Kickstarter”, сепак сето тоа треба да се земе со одредена доза на внимание.
Доколку успеат да ги соберат планираните 97,912 долари, првите ранци на купувачите би требало да им бидат испорачани во септември оваа година. Инаку, најевтиниот модел кој ќе биде опремен со скенерот за отпечатоци на прсти ќе се продава по цена од 207 долари.