Во Њујорк беше одржана премиeрата на филмот „Halftime“, а на црвениот тепих се појавија голем број јавни личности.
Сепак, целото внимание успеа да го привлече Џенифер Лопез, а поводот за тоа не е за пофалба.
Имено, за стајлингот на латино дивата денеска зборуваат сите – и фановите, но и модните критичари се согласуваат дека овојпат ја преминала границата на добриот вкус.
View this post on Instagram
Фустанот со прорези повеќе откривал отколку што покривал, а многумина се согласиле дека иако пејачката е згодна, сепак ваквиот модел на фустан не доликува на нејзините години.
„Овој фустан не е примерен ниту за девојче од 20 години, а не пак за неа“, „Згодна е, но не мора баш секогаш облините да ги истакнува во прв план“, „Ова е вистински моден хорор“, се само дел од коментарите кои можеле да се прочитаат на социјалните мрежи.

Без оглед на негативните коментари, пејачката и актерка не ја тргала насмевката од своето лице.

