Скандалозната наследничка приредила гала моминска вечер – a сите гледаат во ова

Таа организирала луксузна моминска вечер во Париз, но еден необичен (благо кажано) детаљ го засенил самиот настан. Ќерката на Лајонел Ричи, Софија Ричи повторно предизвика медиумски шок.

Софија Ричи (24) ќе се омажи за музичкиот издавач Елиот Гранџ, со кој се вери пред шест месеци. На нејзината моминска вечер, која неодамна беше организирана во Градот на светлината, беше присутна и нејзината сестра Никол Ричи (41), а носеше и интригантен аксесоар.

Google search engine

Идната невеста на Инстаграм објави детали од забавата, а истото го направила и постарата ќерка на познатиот пејач.

„Нека започне моминската вечер“, напиша Софија, која прославила во луксузен апартман во Париз, а гостите ги почестила со розови колачи, додека пијалоците се служеле во чаши со нејзиниот монограм.

Важен детаљ биле и перничињата на кои пишувало: „Госпоѓица, а не госпоѓа“, а во центарот на вниманието биле венчињата на кои имало украси во форма на машки полов орган.

Не е чудно што во вестите за нејзината прослава овој детаљ е во преден план, бидејќи и славеничката и нејзините гости се потрудиле да објават повеќе слики со овој украс за коса.

Обожавателите се прашуваат – што подготвува Софија за својата свадба?

Ќерката на Лајонел Ричи излегувала со зетот на Ким Кардашијан и со поранешниот партнер на Кортни Кардашијан, Скот Дисик, кој е 16 години постар од неа. Таа романса траеше од 2017 до 2020. Познатиот пејач не го поддржа љубовниот избор на неговата ќерка, посочувајќи дека е преплашен од врската.

„И засекогаш е малку“, напиша претходно на Инстаграм за својата нова љубов.

- АУДИО РЕКЛАМА -