Скандалот на ЕП за кој не престанува да се зборува. Се огласи и Мурињо…

На 11 јули фудбалерите на Италија и Англија на Вембли ќе се борат за пехарот на Европското првенство.

Азурите ќе се обидат да дојдат до вториот трофеј во историјата по тој од 1968 година, додека Англичаните никогаш не играле во финалето на шампионатот на Стариот континент.

Google search engine

Англија до завршницата дојде со победата над Данска која во најмала рака е дискутабилна, по одлуката на холандскиот судија Дани Мекели да досуди пенал за Англија.

Освен стартот на Меле над Стерлинг во првото продолжение, детаљот кој претходел при постигнувањето на израмнувачкиот гол предизвикал сомнеж во регуларноста на натпреварот на ЕП.

Имено, на акцијата која заврши со автогол на Кјер, претходела неверојатна сцена поради тоа што пред Стерлинг се нашле две топки. Тој можел да „бира“ која ќе ја шутне.

Правилата налагаат дека судијата во тој момент требало да ја прекине играта.

По повод пеналот којшто им беше досуден на Англичаните, се огласија и менаџерите на Арсенал и Челси, Арсен Венгер и Жозе Мурињо.

„Не беше пенал. Не ми е јасно зошто судијата не побара преглед на снимката. Во такви моменти важно е судијата да биде целосно сигурен во својата одлука. А, ситуацијата не беше јасна, а ВАР го изневери судијата“, изјавил Венгер.

Мурињо дури осум пати кажа дека пеналот не постоел, во текот на „онлајн“ разговорот со англиските новинари. Меѓутоа, тој додал и дека му е драго што Англичаните се во финалето на ЕП и дека заслужено се таму.

„Тоа никогаш не е пенал. Не ја разбирам одлуката, особено на ова ниво – во полуфиналето на ЕП“, истакнал новиот тренер на Рома.