Скандал во Норвешка – оргии на фудбалски терен, камерите уловиле се!

Фудбалерите на норвешкиот клуб Бран одлучиле да им посакаат добредојде на новајлиите во клубот на несекојдневен начин. По заедничката вечера на која се чини се испила некоја чашка повеќе, дружењето се претворило во секс-скандал за кој зборува цела Норвешка.

На групата од 12 играчи им се приклучиле и 4 девојки. Сите заедно отишле на стадионот на Бран и таму биле од полноќ до 5 часот наутро.

Реклама

Одлучиле „излетот“ да го задржат во тајност, па сите ги изгаснале мобилните телефони. Сепак, заборавиле дека на стадионот има видео надзор.

Камерите на стадионот фатиле се, од односи со девојките до луди прослави на головите на кои голи трчале по тревникот.

Спортскиот директор на Бран, Џими Јакобсон на норвешките новинари им рекол дека ќе има казни.

„Имавме сериозен разговор со сите, јасно е дека ќе ги казнеме, но не можеме сите да ги суспендираме. Преголема е групата за сите да ги исфрлиме од екипата. Можеме еден играч да суспендирааме, но не можеме сите“ рекол директорот на клубот кој моментно е последен во првенството.

Реклама