СКАНДАЛ ВО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Зеленски дојде на заедничка фотосесија, а она што го направи ОРБАН ПРЕДИЗВИКА МОЛК (ВИДЕО)

На самитот во Брисел, унгарскиот премиер Виктор Орбан избегнал да се види „очи в очи“ со претседателот на Украина.

На социјалните мрежи претходно беше објавено видео од Брисел на кое се гледа како украинскиот претседател Володимир Зеленски, придружуван од претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, им приоѓа на шефовите на земјите членки на ЕУ.

Google search engine

Унгарскиот премиер Виктор Орбан не му аплаудирал на украинскиот претседател Володимир Зеленски пред заедничкото фотографирање на лидерите на ЕУ во Брисел. На видеото се гледа како Зеленски, придружуван од Мишел, се приближува до шефовите на земјите-членки на ЕУ. Сите, освен Орбан, му аплаудираат на украинскиот лидер.

Сега се појави нова снимка од унгарскиот премиер, на која Орбан изгледа како да се преправа дека прави нешто многу важно на масата, додека сите останати функционери го поздравуваат украинскиот лидер.