СКАНДАЛ – ТАТКОТО НА ХАЛАНД ИЗБРАН ОД ЛОЖАТА: Гаѓал и провоцирал навивачи на Реал! Вакви ГЛУПОСТИ не се паметат! (ВИДЕО)

Поранешниот фудбалер и татко на Ерлинг Халанд, Алф-Инге Халанд ја шокираше јавноста со своето срамно однесување на „Сантијаго Бернабеу“.

Алф-Инге во живо од ложата на „Сантијаго Бернабеу“ го следеше првиот полуфинален натпревар помеѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити, но поради скандалозните испади, обезбедувањето беше принудено да го отстрани од трибините.

Google search engine

Таткото на славниот голгетер на Сити во текот на целиот натпревар ги провоцира симпатизерите на Реал Мадрид, а во еден момент почна да фрла по нив и со кикиритки, па мораше да реагира обезбедувањето за ситуацијата дополнително да не ескалира.

На социјалните мрежи се појавија видеа на кои се гледа како Алф-Инге Халанд ја напушта свечената ложа придружуван од обезбедувањето и ги провоцира обожавателите кои скандираа „адиос“, „глупав“ и слично.