Скандал! Постигна гол па го покажа половиот орган!

Раул Бобадиља се нашол во центарот на вниманието во Парагвај, кога решил непримерно да прослави гол.

Парагвајскиот фудбалер на куп натпреварот меѓу неговиот Гуарани и тимот на Либертад бил стрелец за 3-1 во завршницата од мечот и пласман на неговиот тим во наредната рунда, но неговата прослава била претерана.

Google search engine

Бобадиља во налет на еуфорија прво го соблекол дресот, а потоа и шорцевите до половина. Поради тоа половиот орган на кратко го покажал пред камерите, доволно за да му се заканува жестока казна од дисциплинарската комисија поради непримерно однесување во јавноста.

“Се каам поради ваквата прослава, се надевам само дека мојата сопруга не виде бидејќи ќе ме огрди”, сакал Бобадиља да биде и духовит.

“Шорцевите малку ми паднаа, а мојата драга ќе биде мирна, бидејќи целиот е нејзин”, додал Парагваецот.