Скандал на повидок? “Валкана игра” на австралиските власти: Имаат ас во ракавот, Ѓоковиќ би можел да биде измамен

Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ денеска го добил својот прв противник на Австралијан Опен и тоа е Србинот Миомер Кецмановиќ. Меѓутоа, сите и тоа како се прашуваат дали најдобриот на светот воопшто ќе игра на првиот натпревар.

Денеска сепак не дочекавме ниедна конкретна одлука за тоа дали Новак ќе остане во Австралија или не. Засега, Србинот со напорен тренинг се подготвува за своите натпревари кои го очекуваат од наредната недели, а тамошната јавност на големо се занимава со целокупната ситуација.

Google search engine

Министерот за имиграциони прашања Алекс Хок сепак не донел одлука која била најавена во вечерта меѓу среда и четврток, а уште не е познато и кога конечно ќе се одлучи. Меѓутоа, сега повторно испливале нови детали.

Еден од најтиражните весници во Австралија “The Age”, “фрлил” целосен фокус на Новак Ѓоковиќ и сигурно е најрелевантен кога станува збор за информациите од Мелбурн, а во текот на претходната вечер имало секакви информации.

Тие сега тврдат дека најдобриот тенисер на светот ќе се жали на секој обид за негово депортирање, како и дека министерот за миграција, Алекс Хок, најверојатно својата одлука ќе ја објави во петок.

Не кријат дека тој и натаму го разгледува случајот и ја прегледува документацијата која ја објавил судот и која ја приложиле адвокатите на Ѓоковиќ. Ако случајот дојде на суд, правниот тим на Новак се надева дека работата би можела да се заврши на суд во текот на викендот, што на Ѓоковиќ би му овозможило да игра, бидејќи турнирот почнува во понеделник на 17-ти јануари, пренесува “The Telegraph”.

Тоа што е всушност скандалозно е тврдењето на изворот на весникот “The Age”, кој наведува дека владата силно лобира за укинување на визата на Новак.

Доколку соопштението се донесе доцна во петок, тоа би му ги намалило шансите на Новак да се жали на одлуката, па не е исклучено дека ова е “валкана игра” на владата на Австралија, за да го стави Ѓоковиќ пред свршен чин и да му оневозможи да се жали. Времето ќе покаже што навистина ќе се случи во Мелбурн.

Премиерот на Викторија ги нападнал властите

Речиси цела планета мисли дека властите во Мелбурн направиле недопустливи пропусти, а остри изјавил дал и премиерот на сојузната држава Викторија, Даниел Ендруз, кој смета дека постои едноставно решение на сите проблеми.

„Само вакцинирајте се. Тоа го направив јас, тоа го направија моите деца. Тоа е тоа што го направи 93 проценти од нашата заедница. Моравме да донесеме некои тешки одлуки за да дојдеме до тие бројки. Австралијан Опен е поголем од било која личност, исто како што е безбедноста на нашата заедница поголема од било кој поединец“, рекол Ендруз.

Потоа го кажал тоа што целиот свет го мисли – Австралија е поразена на суд и притоа никој не објаснил како првобитно му била издадена виза на Ѓоковиќ.

„Австралија има политика да не им дозволува на невакцинираните луѓе да влезат во земјата. Владата треба да објасни како дошло до тоа. И ова повторно беше дебакл. Новак Ѓоковиќ е сосема свесен дека ставот на австралиската влада е дека за добиете виза мора да сте целосно вакциниран. Како таа виза е воопшто издадена? Тоа е нешто што оваа влада не го одговори и нешто поради Австралијците вртат со главата. Оваа влада доживеа грен слем на неуспехот. Не беше успешна во следењето, тестирањето, вакцините и карантинот. Сега на тоа го додаваме и дебаклот со Новак Ѓоковиќ, кој предизвикува огромен меѓународен срам“, рекол Ендруз, а пренесува “Mozartsport”.