Скандал на Оскарите: Вил Смит му удри шлаканица на својот колега поради невкусна шега за неговата сопруга

Овогодишното 94-то издание на Оскарите кои се доделуваат од страна на Академијата за филмски уметности и науки долго ќе се памети по скандалот без преседан за кој мислевме дека може да се види само на филмското платно!

Сè започна со провокацијата на комичарот Крис Рок на кој хуморот на сметка на Џејда Пинкет Смит му беше дебело „наплатен“ од страна на Вил Смит.

Google search engine

 

Рок изјави дека Џејда, која ја избричи главата поради проблеми со опаѓањето на косата – алопеција, изгледа како Деми Мур во филмот „G. I. Jane“.

„Џејда, едвај го чекам вториот дел од филмот“, рече комичарот, на што Џејда само преврте со очите.

Нејзиниот сопруг, актерот Вил Смит кој најпрвин се смееше, стана, се качи на бината и го удри, а потоа му порача на Крис да не го споменува името на Џејда.

По инцидентот, Смит го освои Оскарот за најдобра машка улога во филмот „King Richard“ и заплака додека го држеше својот говор. Во истиот, актерот се извини поради испадот од претходно.

„Сакам да се извинам на Академијата и на номинираните, ова е прекрасен момент и не плачам затоа што ја добив наградата. Уметноста го имитира животот, сега изгледам како тој „лудиот татко”. Но, поради љубов луѓето прават луди работи. Многу работи се многу комплицирани за мене, но – ви благодарам за оваа чест, на овој момент, ви благодарам во името на Ричард и во име на целото семејство Вилијамс”, кажа Смит во својот говор.