СКАНДАЛ и во Премиер лигата: Судија удри играч на Ливерупул (ВИДЕО)

Не престануваат реакциите после фантастичниот натпревар помеѓу Ливерпул и Арсенал кој заврши нерешено, 2-2. Овојпат во главна улога е помошникот судија Константин Хакидакис кој со лакт го удри левиот бек на Ливерпул, Ендрју Робертсон.

Настанот се случил на полувремето од натпреварот, веројатно Робертсон нешто приговараше, а Хакидакис, како што може да се види од видеото го удри играчот на Ливерпул.

Google search engine

Овој момент го немаше на официјалниот видео пренос, но сепак, се појави снимка. Фудбалерите реагираа, но главниот судија не презеде ништо. Од англиската асоцијација на официјалните лица, изјавија дека го разгледуваат случајот и дополнително ќе донесат одлука.