Во еден центар за вакцинација на австрискиот концерн “Voestalpine” во местото Мирцушлаг, една докторка при давање на вакцина користела ист шприц за повеќе лица.
До 60 вработени се погодени од овој лекарски пропуст и тие ќе мора да направат тестирања за ХИВ и хепатитис.
Компанијата изразила длабоко жалење поради овој случај и најавила дека ќе инсистира на целосно расветлување, а докторката е привремено суспендирана.
Лекарката на Работно-медицинскиот центар Вамед требало да ги вакцинира вработените против коронавирус, но се случил овој пропуст.
“Voestalpine” во соопштението истакнува дека е неразбирливо како во центарот за вакцинација може да има пропусти во врска со квалитетот и хигиената.
Портпаролот Лудвиг Бихлер рекол дека се откриени пропусти кај вакцинацијата на неколку лица.
“Со детална проверка е откриено дека лекарката, која ја спроведувала вакцинацијата, материјалот за давање на вакцина делумно погрешно го применувала”, додал тој.