Сите зборуваат за сметката од Копаоник со 41 ракија: „Ручекот не е скап, но толку ракии…“

Една сметка од Копаоник деновиве е актуелна на социјалните мрежи, првенствено поради износот којшто многумина изненадил.

Иако сите посетители на оваа планина знаат што можат да очекуваат кога станува збор за цените, очигледно дека сè уште постои нешто што многумина го сметаат за необично.

Google search engine

Како што може да се види на сметката која била објавена на Твитер, посетителите јаделе и пиеле, а сето тоа ги чинело малку повеќе од 10.000 денари. Сметката привлекла внимание поради 41 ракија, но малкумина виделе колку е скап чајот.

„Што точно е проблемот тука? Цената на храната и пијалаците е ‘океј’, тоа што вие сте испиле 41 ракија, тоа е ваш проблем“, пишува во објавата на фотографијата.

„Ручекот не е скап, но 41 ракија е“, напишал некој корисник на ТикТок.

„Па добро, бургерите се по 400, 450 денари, притоа, доколку навистина ги прават со јунешко месо во Копаоник, тоа е во ред“, се наведува во друг коментар.

„И кај нас провинцијалците ракијата е 150 денари“, додал трет корисник.