„Сите велат дека не можеш да заштедиш кога работиш на крузер, но…“ Девојка со такво искуство ги објасни трошоците

Џоди Зимерман е вработена на крузери и тоа како изведувач и танчарка, а станала популарна на ТикТок благодарение на видеата на кои зборува за условите за работа на овие туристички бродови.

Џоди меѓу другото се осврнaла и на шпекулациите дека е тешко да се заработи нешто на брод поради вонредните трошоци. Таа тврди дека тоа не е вистина и дека релативно лесно може да заштедите додека работите на крузер, барем доколку сакате.

Google search engine

„Додека сте на брод не мора да плаќате многу затоа и договорите се толку многу привлечни. Од вас зависи колку сакате да потрошите. Во мензата или пак кантината секогаш постојат бесплатна храна наменета за посадата. Секогаш има појадок, ручек и вечера, како и ноќна ужина. Исто така спиењето е бесплатно кога работите на брод“, вели Џоди.

Таа истакнала и дека еден од најголемите трошоци е всушност плаќањето на WiFi мрежата на бродот која чини околу 4,5 евра по час, но и од друга страна имаат бесплатен интернет меѓу 23 часот и 8 часот наутро.

@jodylzimmerman Reply to @davidrichardsx no but yes…😅🤷🏼‍♀️ #shiplife ♬ original sound – jodylzimmerman

„Тука има и продавница за членови на посадата во која може да си набавите работи како што е тоалетна хартија, грицки и слично, а има и бар и кафуле за посадата каде може да се напиете кафе или пак некој пијалак. Мислам дека поголем дел од вработените трошат најмногу пари на WiFi и пијалаци, но повторно ние не плаќаме за спиење ниту сметки, така што лесно е да заштедите пари. Тоа сега го кажувам, а ќе видиме што ќе се случи до крајот на договорот“, додала таа.

Во коментарите под видеото се огласиле многу луѓе кои некогаш работеле на брод, а кои сепак имаат поразлична верзија од приказната.

„Никогаш не сум дошол дома од крузер со премногу пари“, „Додека работев јас, воопшто немаше бесплатен интернет“, „На крајот заработуваш колку што би заработил и на копно…“.