Сите погледи во Катар биле насочени во истетовираната убавица: Бодрела посебен маж, а јавноста се сеќава и на нивните експлицитни видеа

Во текот на групната фаза на Светското првенство во фудбал, освен натпреварите кои се во фокус, често вниманието го „крадат“ и прекрасните жени кои го одбележуваат овој Мундијал.

Меѓу нив е и Зои Кристофоли, девојката на репрезентативецот на Франција – Тео Ернандес.

Google search engine

Франција убедливо ја победи Австралија со резултат од 4:1, иако Австралија била прва која стигнала до водство и тоа во деветтата минута од натпреварот.

Верните навивачи од трибините ги следеле своите фаворити, а меѓу нив фотографите „уловиле“ и едно препознатливо лице. Станува збор за манекенката Зои Кристофоли, девојка на францускиот репрезентативец Тео Ернандес, воедно играч на АЦ Милан.

26-годишната сопственичка на салон за тетовирање и инфлуенсерка која на Инстаграм брои милиони следбеници, е една година помлада од фудбалерот, а се запознале по пат на заеднички пријател во 2020 година. После неколку месеци тие станале и официјален пар.

Инаку, на Ернандес ова му е прво Светско првенство, а на терен многу брзо на почетокот на натпреварот го заменил братот Лукас Ернандес, играч на Баерн Минхен, откако претрпел раптура на предниот злобен лигамент на десното колено.

Инаку, Тео и Лукас биле соиграчи во Атлетико Мадрид, а патиштата им се раздвоиле кога Тео заминал во Реал. Летото 2019 година и Лукас го напуштил Мадрид и потпишал договор со Баерн.

Помладиот Тео и неговата избраничка Зои заедно добија и дете во април 2022 година.

Иако сега изгледа како во нивниот однос да цветаат рози, некогаш медиумите непрекинато пишуваа за нивните раскинувања, а најголем скандал бил оној во летото 2020 година кога во јавноста испливале фотографии и видеа на кои Зои орално го задоволува својот партнер на палуба од јахта.

Иако мислеле дека се заштитени од погледите на фотографите, следниот ден спорните видеа и фотографии се нашле во медиумите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ZOE (@zoe_cristofoli)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ZOE (@zoe_cristofoli)