Како што веројатно веќе и сами знаете, најмоќните, најпопуларните и најважните луѓе на светот никаде не одат без своето лично обезбедување.
Сепак, никогаш не би можеле да помислиме колку таа престижна услуга всушност ги чини.
Да го земеме за пример Марк Закерберг – цифрата која што тој им ја плаќа на своите телохранители изнесува и до 23 милиони долари!
Според неодамнешните пријави на комисијата „Securities and Exchange“, од компанијата Фејсбук ја платиле токму таа сума на пари за обезбедување на нивниот извршен директор.
Во изјавата на полномошникот која што ја поднела компанијата, пишувало дека „Закерберг е синоним за Фејсбук, па поради тоа сите негативни емоции директно се поврзани за компанијата, неретко директно се пренесени и на него“.
Според годишните извештаи на програмата за обезбедување, видовме дека токму тие трошоци за Закерберг и неговото семејство се зголемиле поради пандемијата на коронавирусот и новите протоколи за патувања, додека пак безбедноста е подигната на повисоко ниво во текот на сезоната на изборите во САД и другите важни настани, што дополнително влијаеле на вкупната бројка.
Севкупно, трошоците вклучуваат и приватно обезбедување на господинот Закерберг во неговата резиденција и во текот на приватните патувања, вклучувајќи ги и годишните трошоци за неговите помошници и набавка, инсталација и одржување на безбедносните мерки во неговата резиденција, со годишен „џепарлак“ во висина од 10 милиони долари за дополнителни трошоци поврзани со личната безбедност на него и неговото семејство.
Во изјавата пишува и дека „комитетот за компензација, номинација и управување, верува дека овие трошоци се оправдани и неопходни во свет во кој што заканите со смрт се секојдневна работа“.