Сите електронски уреди ќе имаат еден универзален полнач

Одборот за заштита на потрошувачите на Европскиот парламент усвои директива со која се воведува единствен полнач за сите електронски уреди.

Директивата предвидува потрошувачите да не купуваат нов полнач или кабел за секој нов уред, туку да можат да користат еден USB-C полнач за сите мали и средни електронски уреди.

Реклама

Тоа ги вклучува телефоните, таблетите, звучниците, лаптопите, глувчињата, екраните, уредите за навигација, уредите за лична нега, дигиталните камери, слушалките, рачните конзоли, електронските играчки и друго.

Директивата, меѓу другото, има за цел да го намали електронскиот отпад и да обезбеди одржливост на пазарот на Европската унија.

„Половина милијарда полначи за преносни уреди се испорачуваат во Европа секоја година, создавајќи од 11.000 до 13.000 тони е-отпад. Истиот полнач за сите уреди е подобро решение за секого. Тоа ќе и помогне на животната средина, ќе заштеди пари и ќе ги намали непотребните трошоци“, изјави Алекс Салиба, пратеник во Европскиот парламент.

Реклама