Сите бегаат од Лондон: Илјадници Англичани брзаат што порано да ја напуштат престолнината

Во Лондон на југоистокот на Англија на сила стапиле поригорозни мерки поради ширењето на новиот сој на вирусот.

Новите мерки од четврти степен, предизвикале вистински мини-егзодус откако голем број на жители на Лондон ја напуштиле престолнината за да ги избегнат ограничувањата кои ќе бидат на сила за време на божиќните празници.

Google search engine

Во Лондон на југоистокот на Англија стапиле на сила поригорозни мерки поради ширењето на новиот сој на вирусот, што ги уништило божиќните празници за многу Британци.

На железничките станици се забележани огромни метежи бидејќи илјадници жители на Лондон побрзале пред полноќ да ја напуштат престолнината.

Корисниците на социјалните мрежи различно го коментирале напуштањето на Лондон.

Некои сметаат дека тоа би можело да биде опасност за остатокот од земјата, додека други ја критикувале владата бидејќи предизвикала прва евакуација по 1939-та година.

Некои го споменале и “последниот воз од Сајонг”, сугерирајќи на војната Виетнам.

Имало и такви кои масовното напуштање на Лондон го споредиле со егзодус каков што може да се види во зомби-филмовите.

Инаку, ограничувањата ќе траат две недели, а на 30-ти декември ќе се разгледува дали може да бидат укинати.

- АУДИО РЕКЛАМА -