Сируп од ѓумбир за силен имунитет: Еве како да направите напиток кој го хидрира и зајакнува организмот!

Ѓумбирот отсекогаш бил познат како исклучително здрава билка која му дава енергија на организмот, но и служи како најдобро средство за зајакнување на имунитетот.

Направете сами сируп кој ќе го растворите со вода пред да го послужите и освежете се со здрав, домашен пијалок.

Google search engine

Состојки:

– 400 гр. ѓумбир
– 1 кг. шеќер
– 1,5 кг. лимон
– 2 дл. вода

Подготовка:

Излупете го коренот од ѓумбирот и изрендајте, додадете шеќер, истурете вода и добро измешајте. Потоа исцедете го лимонот, измешајте, истурете во 3-4 шишиња и чувајте го во фрижидер.

Ако додадете малку мраз и листови од нане, тоа ќе ви стане омилен здрав пијалок, кој постојано ќе го препорачувате.