Илјадници соларни панели ќе бидат поставени на брегот на Сингапур со цел оваа држава да го даде својот придонес во борбата против глобалното затоплување.
Иако станува збор за една од најмалите земји на светот, сепак станува збор за високо развиен град-држава кој ја има една од најголемите емисии на јаглеород-диоксид по глава на жител во Азија.
Една од новите соларни фарми се протега на брегот на Сингапур кој го раздвојува градот од Малезија. За морското дно се „закотвени“ 13 илјади соларни панели чиј капацитет изнесува 5 мегавати електрична енергија – нешто што е доволно за напојување на речиси 1,500 домаќинства во текот на една година.
Уште поголем проект на соларна фарма ќе биде завршен оваа година и ќе биде сочинет од дури 122 илјади соларни панели.
Сингапур нема доволно брзи реки за хидроелектрани, ниту пак ветрови доволно силни за ветерници, па затоа соларната енергија е единствениот избор.