Сибирска мистерија која ниту NASA не знае да ја реши

NASA на социјалната мрежа Твитер објави фотографии од примероците на земјиштето во Сибир кои што ги збунија научниците, а и понатаму нема точно објаснување за нив.

Како што се наведува, станува збор за нешто налик на темни и светли пруги, а примерокот е видлив во текот на сите четири годишни времиња, но сепак најизразен е назима поради тоа што снегот го прави повидлив.

Google search engine

Засега постојат две можни објаснувања за оваа појава

Дури 90 отсто од овој дел на средносибирската висорамнина е покриен со мраз кој што за кратки временски периоди се топи. Кога земјата смрзнува, одмрзнува, а потоа повторно смрзнува, деловите добиваат необични кружни или пругасти структури, објавиле научниците во списанието „Science“.

Второто објаснување го понудил американскиот геолог Томас Крафорд. Тој изјавил дека пругите потсетуваат на седименти од карпи и ефект кој што е познат како „геологија на слоевитиот колач“.

Истиот се појавува кога снегот се топи и се слева надолу, а во тој момент ги ситни седиментите. Во текот на тој процес можат да настанат и плочи кои што изгледаат како парче слоевит колач.

Секако, во коментарите на фотографиите кои ги објави NASA, најмногу имало такви луѓе кои што овие „шини“ ги поврзуваат со вонземјани.