Американски Си-Ен-Ен објави дека има пристап до 53 документи протечени од Пентагон, кои се чини дека се создадени во периодот од средината на февруари до почетокот на март, а во кои, меѓу другото, се наведува дека САД го шпионирале претседателот на Украина, Володимир Зеленски.
„Тоа не е изненадувачки“, изјави извор близок до Зеленски.
Сепак, Си-Ен-Ен објави дека украинските власти се длабоко фрустрирани од протекувањето на документите.