Шведскиот град во кој луѓето се смрзнуваат за 3.145 евра!?

„Isstolpsitting“ или седење на мраз е натпреварувачка активност во шведскиот град Вилхелминa. Тоа што се организира во оваа европска држава во февруари секоја година е во состав со манифестацијата „Vilhelmina Winter Weekend“.

Добро облечените натпреварувачи прво се качуваат на столбови од мраз, односно трон висок околу два и пол метри и седат на него до 51 час за да победат. На секои неколку часа смеат да слезат на околу 10-на минути за да одат до тоалет.

Google search engine

Не само што во текот на предизвикот мора да ги трпат ниските температури кои во февруари во Шведска знаат да се спуштат и до -20 степени Целзиусови туку и не смеат да гледаат во своите паметни телефони и слични електронски уреди.

„Isstolpsitting“ е физички и психички предизвик за телото и духот. Најтешкиот дел за натпреварувачите е кога ќе настапи ноќта, а на натпреварувачите ќе почнат да им се затвораат очите. Оние кои сакаат да победат се трудат да не заспијат за случајно да не се лизнат од замрзнатиот трон и да бидат дисквалификувани од натпреварот.

Победува оној кој ќе остане да седи на замрзнатиот трон до 51 час и освојува 35.000 шведски круни, односно околу 3.145 евра.

Моментално се бараат заинтересирани за овогодишниот натпревар за кој може повеќе да дознаете на официјалната страница на „Vilhelmina Winter Weekend“.