Швајцарскиот институт „Global Risk Profile“ ја рангира Македонија на 85-то место за корупција, во друштво со Палау и Брунеи

Швајцарскиот институт Global Risk Profile кој ја истражува корупцијата во 199 земји во светот излезе со својот најнов извештај.

Македонија се наоѓа на ниското 85 место во светот, во група со Палау на 84-то и Брунеи на 86-то место. Во споредба со 2020 година Македонија оваа година има пад за четири места на индексот на корупција, од 81-во на 85-то.

Google search engine

Во Европа најмалку корупција има во Финска, Норвешка и Данска, додека во нашиот регион најдобро рангирани се Словенија 29, Грција 37 и Хрватска 47-мо место.

Најлошо рангирани се Албанија и Босна на 125 и 131 место.

- АУДИО РЕКЛАМА -