Швајцарија не е задоволна – бара ново истражување за вакцината на „АстраЗенека“ пред употребата

Швајцарската агенција за лекови, која ги издава одобренијата, процени дека се потребни дополнителни тестови на вакцината против Ковид-19 на „АстраЗенека“ пред употреба.

„Податоците што досега беа доставени и проучени се недоволни за издавање одобрение. Потребни се дополнителни податоци за безбедноста за понатамошна проценка на безбедноста, ефикасноста и квалитетот“, се вели во соопштението на „Свисмедик“, додека вакцината е веќе одобрена во голем број земји, вклучително и во Европската Унија.

Google search engine

„Земајќи ги предвид досега проучените податоци, советничкиот одбор на експерти од ’Свисмедик’ на вонредната седница на 2 февруари 2021 година оцени дека достапните податоци не овозможуваат заклучок за придобивките и ризиците од таа вакцина“, се додава во соопштението.

„Свисмедик“ бара дополнителни податоци за ефикасноста врз основа на третата фаза, која во моментов се спроведува во Северна и Јужна Америка.

„Штом податоците бидат достапни, може да се издаде ограничено одобрување со континуирано обезбедување на податоци“, додаваат тие.

„Свисмедик“ веќе ја одобри вакцината на компаниите „Фајзер / Бионтек“ и „Модерна“.

Кампањата за вакцинација започна во Швајцарија на крајот на декември.

- АУДИО РЕКЛАМА -