Што вели законот: Дали Алек Болдвин ќе оди во затвор поради случајното убиство?

Актерот Алек Болдвин случајно ја уби камерманката Халина Хачинс и го ранил режисерот Џоел Соуза на снимањето на филмот „Rust“ во Њу Мексико.

Хачинс била веднаш пренесена во болница со хеликоптер, но набрзо починала. Соуза е повреден и се наоѓа на одделението за интензивна нега во болницата Кристус Сент Винсент во Санта Фе.

Google search engine

Според полицијата, немилиот настан се случил за време на снимањето на сцена која вклучувала употреба на реквизити за огнено оружје, кога се случило пукањето.

 Дали актер може да одговара за несреќа на снимање?  

Убиство од небрежност, според законот на Њу Мексико каде што се случил инцидентот, се дефинира ако некое лице изврши убиство за време на вршење прекршок или ако лиши друго лице од живот додека извршува законски чин, но не применува соодветни мерки на претпазливост. Тоа се класифицира како кривично дело од четврт степен и предвидува максимална затворска казна од 18 месеци со можност за условна казна.

Но, против актерот сè уште не е покрената никаква постапка. Истрагата ќе утврди и чија била вината за наполнетиот пиштол и какви проектили имало во него.