Што се во хороскоп најбогатите луѓе на светот? Дури 27 милијардери се родени во ист хороскопски знак

Знаете ли што се во хороскоп Илон Маск, Џеф Безос, Руперт Мердок?

Верувале или не, многу од светските милијардери го делат истиот хороскопски знак, а астролозите веруваат дека тој им дава флексибилност и перфекционизам којшто им носи богатство.

Реклама

Најуспешните луѓе на планетата без сомнеж се образовани и напорно работат за да го стекнат своето богатство, но понекогаш, како тоа што е во животот, неопходна им е и мала доза на среќа.

Доколку ги прашате заговорниците на астрологијата, во тоа пресудна улога игра хороскопот, односно положбата на планетите во момент на нивното раѓање, а интересно е тоа што во случајот на милијардерите од листата на „Forbes“, еден хороскопски знак често се повторува.

3. Рак

Третото место им припадна на Раковите чиј најбогат претставник официјално е Илон Маск.

2. Риби

Второто место го заземаат Рибите, чиј најбогат претставник во светот на милијардерите е Руперт Мердок.

1. Вага

Како што пренесуваат странските медиуми, станува збор за Вагата – знакот во кој се родени најголем број од светските милијардери – дури 27 од нив. Тоа има смисла доколку се земе предвид тоа што се многу флексибилни, способни за приспособување, перфекционисти и некои кои држат рамнотежа во сите полиња од животот.

Листа на најпознатите милијардери и хороскопски знаци:

1. Илон Маск – 219 милијарди долари – Рак

2. Џеф Безос – 171 милијарди долари – Јарец

3. Бернар Арно – 158 милијарди долари – Риби

4. Бил Гејтс – 129 милијарди долари – Шкорпија

5. Ворен Бафет – 118 милијарди долари – Девица

6. Лари Пејџ – 111 милијарди долари – Овен

7. Сергеј Брин – 107 милијарди долари – Лав

8. Лари Елисон – 106 милијарди долари – Лав

9. Стив Болмер – 91,4 милијарди долари – Овен

10. Мукеш Амбани – 90,7 милијарди долари – Овен

Интересно е тоа што во листата најпознати милијардери нема ниту еден којшто е роден во хороскопскиот знак Вага, а најмногу доминира Овен.

Реклама