Што се случува во телото откако ќе престанете да пушите?

Ви треба ли мотивација за да престанете да пушите? Во продолжение следуваат неколку позитивни нешта за кои вреди да ги оставите цигарите…

Ви ги прикажуваме резултатите од последното истражување кое го спроведе американската компанија CVS Health за тоа што се случува во телото откако ќе престанете со пушењето – од 20 минути до 15 години.

20 до 30 минути – крвниот притисок и отчукувањето на срцето се намалуваат, а рацете и стапалата се загреваат.

8 часа – нивото на јаглен моноксид во крвта се намалува, а кислородот се зголемува.

48 часа – сетилото за мирис започнува подобро да функционира.

72 часа – бронхијалните цевки се опуштаат.

2 недели до 3 месеци – циркулацијата во телото е подобра и посилна, како и функцијата на белите дробови.

1 месец до 9 месеци – се намалува кашлицата и запушеноста на синусите, белите дробови полесно ослободуваат слуз, почисти се и помала е можноста за инфекција, телото има повеќе енергија.

1 година – ризикот од срцеви болест е двојно помал отколку кај пушачите.

5 години – ризикот од мозочен удар и добивање на рак на грлото на матката станува ист како и кај непушачите, а ризикот од рак на усната шуплина, грлото, хранопроводот и мочниот меур е двојно помал од претходно.

10 години – ризикот од рак на бели дробови е двојно помал отколку кај пушчите, а ризикот од рак на панкреас е на исто ниво како и кај непушачите.

15 години – ризикот од срцеви заболувања и смрт е подеднаков со непушачите.