Што се случува?! Дојави за бомби во 97 белградски училишта, специјалци вршат увид во просториите

Утрово, многу белградски училишта добиле извештаи за поставени бомби, јавуваат српските медиуми. Според написите, известени биле надлежните служби и било потребно да се изврши претрес од страна на специјализирани екипи.

Според сознанијата на редакциите на Н1 Белград и РТС, извештаите стигнале до основните училишта „Краљ Петар Втори Караѓорѓевиќ“ на улица Маруличева, Владимир Роловиќ, Ѓура Јакшиќ, Данило Киш, Свети Сава, Дринка Павловиќ, Коста Абрашевиќ во Ресник, и Караѓорѓе на Карабурма и во уште неколку белградски и земунски училишта. Дојави, според последните информации од овие медиуми, пристигнале во вкупно 97 училишта.

Реклама

За пријавата биле информирани надлежните служби и претстои претрес од страна на специјализирани екипи, информираат од РТС. Во некои училишта проверките биле веќе завршени и се покажало дека пријавите се лажни.

Реклама